Press "Enter" to skip to content

Фудбалерките на Топ Гол обезбедија куп-полуфинале

Тетово – Топ Гол 1:4 (0:0)

Сениорките на Топ гол со победата над екипата на Тетово се пласира во 1/2 финалето на фудбалскиот куп за жени, на натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште во Камењане, Општина Брвеница.

Битолчанки со конечен резултат од 4:1, полувреме 0:0, ја совладаа домашната екипа, а стрелци на головите за Топ гол беа Гелевска во 57, Бумбаровска 59 и Николовска на два пати во 91 и 93 минута од судиското надополнување.

-Едно големо Браво за денешната игра за нашите фудбалерки, изигравме доста мудро и дисциплинирано за време на целиот натпревар. Првото полувреме беше во знакот на борбената игра од двете страни и игравме со спротивен ветер кој ни создаваше и дополнителен притисок. Во второто полувреме топката ја спуштивме на земја и постигнавме два брзи гола. До крајот ја контролиравме играта и во самиот финиш постигнавме два гола, изјави Кире Грбевски, тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија :Салиевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Гоцевска, Јанковска, Петровска, Талевска, Т. Јанкоска, Гелевска, Миленкова уште играа Николовска и Митаноска.

Следен натпревар Топ гол повторно се срекава со истата екипата, но сега во Битола но во рамките на 16 коло од првенството.

More from СпортMore posts in Спорт »