Press "Enter" to skip to content

Јавните претпријатија ги чистеа депониите во градот (фото)

На првиот ден на пролетта, со големи еколошки акции, битолските јавни претпријатија чистеа депонии во градот. Кревети, фотељи, телевизори, теписи, ќебиња и што уште не, може да се најдат и во централното градско подрачје, но и во пооддалечените места.ЈКП „Водовод“ со своја механизација на терен ја чистеше депонијата во месноста Овчи Баир, во близина на резервоарот на ова јавно претпријатие. Очигледна е сликата на депонија, создадена повторно од несовесното население, кое овој простор го употребил за фрлање на секаков вид отпадоци. Најприсутен беше градежниот шут, но и остатоци од мебел и секаков вид отпадоци.  Екипите на ЈП „Комуналец“  работеа во централното градско подрачје, кај АТ Пазар. Веднаш до автобуската станица, едно од најфреквентните места во овој дел од градот, се наоѓа мини депонија, од која со багер беше исчистен еден камион полн со ѓубре, на многу мал простор. Исто така се чистеше и зад зградата позната како „кифлата“, каде што можеше да се види се и сешто, а со ѓубре беше преполнето и каналчето за истек на вода.КЈП „Нискоградба“ ги насочи своите вработени на другата страна од населбата Баир, на месноста „Тепсија“. Тука исто така можеше да се видат секаков вид на отпадоци, ѓубре и несовесно фрлање на непотребните предмети на граѓаните во ридот.ЈП „Комуналец“ беше координатор на масовната акција за чистење, а местата каде што се работеше ги посети градоначалничката Наташа Петровска. Заедно со директорите на јавните претпријатија Горан Козаров, Панде Богоевски и Методи Сиљановски, разговараа за натамошните чекори за справување со овој горлив проблем, со кој се соочува градот. Воедно, испратија апел до граѓаните за зголемување на свеста да не се загадува непосредната околина, во која сите ние жиевееме, вклучително и нашите деца. Јавните претпријатија и градоначалничката Петровска уште еднаш напоменаа дека доколку жителите имаат габаритен отпад, може да се јават во КЈП „Нискоградба“ или во ЈП „Комуналец“ , со што истиот ќе биде собран од нивните екипи, наместо да биде расфрлен низ различни локации во градот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.