Press "Enter" to skip to content

Борбена игра за чесен пораз на “пелистерци“ (фотогалерија)

Пелистер – Гостивар 69:97 (17:27, 17:19, 17:20, 18:31)

Спортска сала “Боро Чурлевски“ Гледачи: 200

Судии: Цветановски, Јанков и Лазов

Пелистер: Арсовски 11, Давков, Харис 17, Билер 30, Богдановски 4, Илиевски, Атанасовски, Голубовиќ 7, Трсунов, Обедниковски, Ѓоргиевски.

Гостивар: Трајковски 15, Димчевски 20, Костовски 15, Шегариќ 8, Фустингер 14, Тасовски 10, Р. Димитриевски 11, Јаневски, М. Димитриевски, Ефинаи, Џеладини 2, Стефановски 2.Иако резултатот на крајот на семафорот е висок, сепак кошаркарите на Пелистер доколку не направеа голем број на технички грешки во нападот ќе му дадеа поголем отпор на поквалитетниот противник, во игра во која дадоа максимум, а на терен играа борбено.Фаворизираниот тим на Гостивар играше против Пелистер рамноправно во најголем дел од играта, но десетте поени разлика кои ги направија гостите во првата четвртина беа недостижни, иако со борбена игра во втората четвртина “пелистерци“ дојдоа и на -5.На почетокот од третиот период се разиграа Димчевски и Бојан Трајковски и разликата во корист на гостите беше +20, а последната четвртина беше ритунски завршена.Кај Пелистер најефикасни беа Американците, Билер со 30 и Харис со 17 поени.

More from СпортMore posts in Спорт »