Press "Enter" to skip to content

Иако петок, денес, две проволигашки пресметки во Битола

13 часот: прес на Еурофарм Работник

15 часот: КК Пелистер – КК Гостивар

19 часот: Пелистер Волеј – Наковски Волеј

Иако не асоцира петок да е спортски ден, сепак битолчани ќе имаат прилика денес да гледаат два прволигашки натпревари.

Кошаркарите на Пелистер денес до 15 часот ќе го играат натпреварот против екипата на Гостивар, поради зафатеност на спортската сала “Боро Чурлевски“ со натпреварите од групната фаза на ЕФФ на Еурофарм Работник и поставувањето на специјалната подлога на која ќе се игра натпреварот.

Одбојкарките на Пелистер Волеј во 19 часот во спортската сала на Медицинското училиште ќе играат дерби натпревар од Првата државна лига, втора фаза против екипата на Наковски Волеј од Струмица, кои им се директен противник за пласнав во врвот на табелата.

Денес во 13 часот и официјално на прес-конференција екипата на Еурофарм Работник ќе го најави и последниот натпревар во Битола, од групната фаза на ЕХФ, кој ќе се игра в недела против екипаа на германски Хановер.

More from СпортMore posts in Спорт »