Press "Enter" to skip to content

Никола Пројчевски на дечињата им ја прочита “Грдото пајче“ и го одбележаа денот на детската литература (фото)

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, НУ Народен театар – Битола и Детската градинка „Естреја Овадија – Мара“ – Битола заеднички го одбележуваa Светскиот ден на литература за деца, со читање на приказната “Грдото пајче“ од страна на глумецот Никола Пројчевски, вработен во Битолскиот театар.Прикаската “Грдото пајче“, која одлично им ја пренесе Никола Пројчевски, ја слушаа и уживаа во неа, прекрасните дечиња. Тие направија одлична атмосфера, заедно со нивните воспитувачки и негователка Анета Атанасовска, Елисавета Пауновска, Билјана Трајковска Вуковиќ и Лилјана Јанкуловска.Инаку, во чест на роденденот на најголемиот писател за деца на сите времиња Ханс Кристијан Андерсон, (роден на 2 Април 1805 година) се слави Светскиот ден на литературата за деца, со цел да се промовира книгата за деца и читањето.Од 1967 година па наваму, на овој ден, се потсетуваме на големата потреба да се сврти вниманието на јавноста за значењето на книгата за деца и да ги мотивираме децата да читаат од најмала возраст.

More from КултураMore posts in Култура »