Press "Enter" to skip to content

Синоќа во градската кафеана на хотел “Епинал“ нови “5 Сourses“ специјалитети (фотогалерија)

-Презентацијата со дегустација  на “5 Courses“ насловена како “Градска седенка“ синоќа се организира повторно, а битолчани уживаа во специјалитетите на шефот на кујната Алексанадар Видоевски.

-Се пиеја вината на “Бовин“, а гостите ги забавауваше групата “Деспина“.Заради големиот интерес и тоа  што многу заинтересирани битолчани останаа без резервации минатиот пат на првата “седенка“, тимот на ресторан и кафеана при  хотел „Епинал“ синоќа повторно  друг ваков настан, “5 Courses“,  презентација со дегустација на неколку видови месо  и повторно многу бараните специјалитети од морска храна.Презентацијата во ресторанот на  градска кафеана „Епинал“наиде на голем интерес кај сите битолчани, сладокусци на добра храна, а шефот на кујната Алексанадар Видоевски очигледно задоволен од реакцијата на задоволните гости рече:-И минатата и оваа презентацијата со дегустација  на “5 Courses“ наиде на голем интерес кај битолчани. На “Градската седенка“ 70 гости уживаа во добра  храна, вино и музика. Синоќешната вечер, на мојот тим со кој ја подготвувавме храната, за нас значи само едно, да продолжиме со вакви изненадувања за нашите гости.-На оваа нова презентација беа промовираме производи кои се произведуваат во  групација, јагнешко месо и млечните производи од нашите бачила, кои заедно со моркските производи се со гарантиран  врвен квалитет и свежина, истакнуваат од хотелот “Епинал“.Битолчани покрај интересното мени со 5 јадења, од предјадење до главно  јадење уживаа и со  десерт,  печено јаболко со прелив од карамел и цимет.Сите јадења беа послужени со посебно вино, спрема вкусот, а секако не изостана и добрата музика со групата “Деспина“.

More from БитолаMore posts in Битола »