Press "Enter" to skip to content

Со филмот “Црвениот пес“ започна неделата на Австралиски филм (фотогалерија)

Синоќа во Малата сала на Центарот за култура започна филмската ревија “Недела на австралиски филм“ на која до петок 12 април ќе се прикажат пет играни филмови од австралиски продукции.Овој фестивал на австралиски филмови, го отвори, амбасадорката на Австралија Рут Стјуарт, која на отворањето рече дека сака преку филмовите кои ќе се прикажуваат и преку други настани кои ќе се случуваат да ја приближи австралиската култура.Амбасадорката на Австралија, Рут Стјуарт, на отворањето, рече дека Австралија е горда што на нејзнината територија живеат и работат околу сто илјади македонци, а се надева дека голем број македонци од тука ќе ја посетат Австралија.Директорката на Центарот за Култура, Маја Андоновска-Илиевски на отворањето рече дека и  е мило што за прв пат се прикажуваат австралиски филмови и дека и останатите претставници на земјите кои имаат амбасади тука, ќе направат ваков чекор.На отворањето присуствуваше и градоначничката на Битола, Наташа Петровска, голем број на почесните конзули кои имаа свои канцеларии тука, членовите не “Лотус Ј“, и други битолчани љубители на филмот.Културниот настан за филмофилите според програмата започна со проекција на филмот, комедија “Црвениот пес“, кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на AACTA.Денес, исто така со почеток во 19,30 часот ќе се прикажува играниот филм “Џиндабајн“, а следуваат филмовите: “Црниот балон“, “Чинијата“ и “Ромул, мојот татко“.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.