Press "Enter" to skip to content

Според жребката Еурофарм Работник веќе е во Ф4 од купот, Пелистер преку Бутел

Во просториите на Ракометната федерација се оджа ждрепката за осминафиналето во Купот на Македонија, а во “шеширот“ беа и двете битолски екипи, Пелистер и Еурофарм Работник.

Во првата група каде и игра екипата на Еурофарм Работник, битолската екипа ќе биде домаќин на група во која е фаворит за пласман во следната рунда. Битолчани главниот дуел ќе го имаат во првата пресметка против Охрид, а уште во групата се и екипите на Вардар јуниор и Астраион. 

Во третата група се најдоа тимовите на Бутел  и Пелистер, а тука се и екипите на Борец и Тиквеш, а домаќин и организатор ќе биде екипата на Бутел во Скопје. Жребката сакаше екипата на Пелистер уште во првиот натпревар, а практично победникот во тој дуел ќе биде во завршницата од Купот, бидејќи по овој натпревар победникот ќе игра против подобриот од двобојот меѓу Борец и Тиквеш.

Натпреварите е предвидено да се одиграат на 20/21 април.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.