Press "Enter" to skip to content

За превенција од пожари повеќе мерки во село Ротино (фото)

По неодамнешниот пожар кој ја зафати околината на селото Ротино, а се закануваше да се прошири и кон боровата шума во Националниот Парк „Пелистер“, превентивно е обезбедено црево (PE100-da110 , L=200 m) за дотур на вода во селото, кое ќе биде приклучено на каптажа до селската чешма.

За време на пожарот кој избувна на 26 март годинава, градоначалничката Наташа Петровска веднаш излезе на терен и разговараше со месното население, по што се бараше решение повеќе за превенција од вакви немили настани.Во таа насока е обезбедено и ова црево од страна на Општина Битола, во соработка со ЈКП „Водовод“.

Главната намена на ова црево е дотур на свежа и питка вода за населението и посетителите, а истовремено се обезбедува и заштита од пожари.При посетата на Ротино, градоначалничката Петровска и претставниците на месната заедница ги обиколија објектите на кои им треба санација во селото, како поранешното училиште, воените објекти итн.

Чешмата, која исто така е обележје на ова село, наскоро ќе добие нов лик.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.