Press "Enter" to skip to content

Изведена музичко-сценската драма “Надеж” (фотогалерија)

Камерна опера – Битола, во салата за НУ Завод и Музеј вечерва беше изведена камерната опера премиерно беше изведена музичко-сценската драма “Надеж“.Дејствието се одвива под Пелистер, со поглед кон Преспанско езеро и сите ликови живеат во свое време. Посебен акцент се дава на мајката која чекори низ минатото и денес, мајката која бара утеха во молитвата.Мајката со својата божествена утроба во која се создава животот. Мајката како сенка од минатото, која се јавува како привидение. И надежта која не умира, прикажана преку наивниот карактер на една млада девојка.Во музичко-сценската драма се проткаени звуци и стихови на македонски композиори и поети…Автор е Маја Митровска, режијата е на Васко Мавровски, а сценографијата на Владо Ѓорески.Музиката е од Македонски композитори, а учествуваа Јулијана Мирчевска – актер, Марина Коруновска – мецо сопран, Маја Митровска – сопран и Александра Јанковска – пијано.Во музичко-сценската драма “Надеж“ беа вклучени и деца од театарска школа “Бабец” и Детски хор “Ѕвончиња”,  а менаџер на продукцијата е Ирена Ружин.

More from КултураMore posts in Култура »