Press "Enter" to skip to content

КК Петровски со спортски новитет во Битола, МУЛТИ-СПОРТ за деца над 4 години (фотогалерија)

По подолг период на планирање од страна на Кошаркарскиот клуб Петровски, се стигна до реализација на идејата за МУЛТИ-СПОРТ за најмладите во нашиот град.Посветен на својата мисија за создавање на здрава младина, клубот створи оптимални услови за реализација на оваа проекција, набавувајќи опрема и реквизити за голем број спортови, кои ќе бидат опфатени во МУЛТИ-СПОРТ отсекот. Некои од направите се новитет во градот.На пример, Битола за првпат добива адаптибилни кошови (Spalding  и Lifetime), кои им овозможуваат на децата од најрана возраст да ја „вкусат“ кошарката. Кошовите можат да се спуштаат на висина од 220 см и да се качуваат до 305 см, т.е. како што растат децата, така ќе растат и кошовите.Но, најмалите деца нема повеќе да тренираат само кошарка во овој клуб. Во програмите за работа со нив, се опфатени вежби и тренинзи од повеќе спортови, а најзастапени се корективна гимнастика, атлетика и спортски игри со топка.Тоа значи дека со децата од возрасните категории 4-6 години и 6-8 години повеќе ќе се работи на подобрување на координацијата и стабилноста на телото и на нивниот правилен раст и развој.Тренерот Кире Петровски е катeгоричен дека на овој начин би се избегнале деформитети на телото, кои се сè почести со денешниот начин на живот.„Возраста, која ќе биде опфатена во проектот, е супер сензитивна во физички-развојна смисла. Вообичаено, децата со организирана физичка активност претежно започнуваат на 10-11 годишна возраст, некои на училиште, а некои по школи и клубови. Нашата цел е преку внимателно избрани вежби од различни спортови, кои би им биле забавни на децата, да работиме со нив од најмала возраст за тие правилно да се развиваат. Со тоа би избегнале појава на телесни деформитети. Откако тие ќе стекнат квалитетна психо-физичка основа, некаде на околу 8-9 години ќе ги насочуваме по конкретно спортски.“„Разликата во нашиот новитет и досегашната пракса е во тоа што децата во рана возраст нема да имаат насочен тренинг по еден спорт (пример кошарка), туку во секој тренинг ќе има различни содржини од повеќе спортови.“„Најубавиот момент во нашата работа со најмалите се насмевките на децата, забавата, задоволството од достапноста на спортските активности. Сега кај нас и 4-годишно дете може да стави кош со леснотија. Штафетните игри и полигоните се неизбежен дел од нашите тренинзи, а тие го подигаат натпреварувачкиот дух, нè возбудуваат и ги развиваат и нашето тело и нашиот мозок“.„Сакаме уште од мали нозе дечињата да го засакаат спортот и да се мотивираат редовно да тренираат. Дури и да не станат познати спортисти, како што многу од нив сонуваат, физичката активност ќе им овозможи правилен раст и развој што е многу важно во ерата на технологијата“ – вели Петровски.Децата во клубот тренираат исклучуво со дипломирани професори и тренери, што е особено важно при работата со деца.

Дел од активностите на клубот секојдневно можете да ги следите на https://www.facebook.com/basketballclubpetrovski и https://www.instagram.com/basketball_club_petrovski/

„Спортувајте и учете ги вашите деца да спортуваат, така тие ќе растат здрави, самоуверени и среќни“ – порачуваат од клубот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.