Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ ги презентираше резултатите од проектот “Математика за мали“ (фотогалерија)

Претставници од партнерските организации од Германија, Италија, Шпанија, како и од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Центарот за доживотно учење кои ги реализираат активностите во нашата држава, денес одржаа средба во Битола, на која ги презентираа резултатите од одржаната изложба „Математика за мали“

Учесниците во проектот дене имаа и средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.На средбата беше речено дека резултатите од одржаната изложба „Математика за мали“, односно дека имало голем одзив, не само на децата од предучилишна возраст и учениците до трето одделение, туку на на наставниците, професорите и студентите на Педагошкиот факултет.

Претходно сите учесници од прокетот имаа и средба со директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски, на кој му се заблагодарија за соработката и отстапениот простор за поставување на изложбата.

Проектот е поддржан од “Еразмус +“ програмата, а резултатите покажаа дека децата не само што учеа и ги развиваа математичките и логичките вештини, туку и се забавуваа. Податоците покажуваат дека методот за учење на предметот математика преку истражување резултира како позитивен модел и децата учат многу работи поврзани со математиката, но и со секојдневниот живот исто така.Во рамките на опсервацијата беше констатирано дека математиката со размислување во почетните одделенија има позитивни ефекти во наставата по математика во првиот циклус од основното образование.

Градоначалничката Петровска ги поздрави ваквите иновативни активности на полето на математиката, особено кај популацијата која стартува во образовниот процес и кои токму во тој период од своето образование, ја креираат љубовта кон математиката.

Петровска посака уште многу вакви проекти, преку кои се развива креативната мисла и љубовта на децата кон техничките науки, вклучувајќи ја и математиката.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.