Press "Enter" to skip to content

70 години, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор… “Кочо Рацин“ (фотогалерија)

Денес во просториите на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор и други проблеми во развојот “Кочо Рацин“ одбележа, голем јубилеј, 70 години од основањето. Прославата започна со поздравен говор и мал историјат за Заводот, а учениците изведоа и неколку точки кои тие сами ги подготвија.-Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор и други проблеми во развојот “Кочо Рацин“ е основан во 1948 година во село Петровец, Скопје, а во 1955 година е преселен во Битола. Денес сновната цел на Заводот е давање на услуги, едукативна и рехабилитациона со користење на најсовремени технологии и примена на најсовремени методи и форми, рече директорката на Заводот, д-р Валентина Стојковска, која им се заблагодари на сите кои на било кој начин помогнале Заводот да биде она што е денес.Во име на Општината Битола, на гостите им посака пријатен престој во Битола, на донаторите кои беа денес тука благодарноста за донациите, а на вработените и штитениците им го честита роденденот и големит јубулеј, заменик градиначалнилката Емилија Костурски.Гостите од Србија, Крагуевац, кои се збратимени двата Заводи од овој тип, како честитка, преку директорот д-р Младен Шурлан, на битолскиот Завод им подарија уметничка фотографија.Во приредбата која ја изведоа улениците се одржа модна ревија на учениците од членови на ликовната секција и креативната секција и беше изведена драмата “Царевата нова облека“.На крај од приредбата ученичката од осмо одделение Теодора Колевска заедно со сите ученици ја испеа песната “Малку љубов“ и ги собра сите аплаузи.Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор и други проблеми во развојот “Кочо Рацин“ има згрижено 76 ученици , дел од нив интернатски сместени-дел секојдневно патуваат од други градови од државата. За нив ге грижат 64 вработени, наставен кадар, администрација, тручен и технички персонал.Заводот има соработка со други специјални установи и училишта од други држави и соработката се однесува на размена на искуства на полето на рехабилитација и едукација на учениците.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »