Press "Enter" to skip to content

“ГТ“ кафе-слаткарница на Камен Мост, во нов стил и со повисоки стандарди во квалитетот и услугата (фотогалерија)

Препознатливата слткарница “ГТ“ на Камен Мост, денес по целосното реновирање, продолжи со работа, а како велат соптвениците, во нов стил и со подбрен квалитет на производите и услугата.-Би започнал со новиот ентериер кој сега го има нашата слаткарница, која битолчани ја препознаат како “ГТ“ на Камен мост, она што прво се гледа. Сега битолчани и нивните гости ќе уживаат во комплетно нов ентериер и инвентар кој е во ист стил како “lounge bar“ во горниот дел на Широк Сокак. Со новиот ентериер сакавме и визуелно да ги споиме двата наши локали на Широк Сокак, вели сопственикот Благојче Талески.Талески за она што, како вели “ние не го гледаме“, а за нив е важно, во однос на производството на сладолед, слатки и торти вели:-Нашите гости не го гледаат, но го чувствуваат преку вкусот квалитетот на нашите производи. Ние како бренд “ГТ“ сме препознатливо по сладоледот за кој имаме само пофални зборови. Сакам да напоменам дека сладоледот го подготвуваме веќе 25 години, а преку искуството кое го имаме, сега го произведуваме по наша рецептура, за која поседуваме и сетрификати за производство, а за слатките и тортите додава:-Додека се реновираше локалот, ние ја променивме и компетната опрема за производство на слатките и тортите. Набавана е нова опрема од истата компанија од Италија, од каде и досега ги набавувавме апаратите за подготовка на кремови и друго. Сега сме комплетно опремени со опрема од брендот “Pastochet“, а тоа се апарати од најновата генерација.За најголем број на битолчани, кога станува збор за “седнувањето“ во “ГТ“ главниот мотив е кафето, за што Талески вели:-Не само на битолчани, туку и нам многу ни е важно да имаме квалитетно кафе во нашите локали, а посебно во кафе-слаткарницата. Остануваме верни на италијанскиот бренд “Essse“, а за овој бренд би додал само дека е четврт на листата на брендовите на кафе во светот.  Ќе започнеме деновиве и со промоција на некои “специјалитети“ од кафе кои се надевам ќе им се допаднат на битолчани, кои знаат да препознаваат добро кафе.По комплетното реноворање на кафе-слаткарницата “ГТ“ на Камен Мост, од денес сите порачки за торти и други производи се вршат тука.

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.