Press "Enter" to skip to content

Делегација од Бон-Германија во Битола, се разговара за заеднички комунални проекти (фото)

Денес во Битола престојуваше делегација од градот Бон, Германија, која имаше неколку работни средби со градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и со директорот на ЈП “Комуналец“-Панде Богоевски.

На средбата во кабинетот на Петровска делегацијата имаше разговори и со директорот на библиотеката Бојан Стефановски и битолски стопанственици. По средбата градоначалникот Петровска рече:

-Денес наши гости беа претставниците од Бон, Германија, во која е претставникот од секторот за развој на градот, а во неа има членови од комуналните дејност, културата што за нас е исклучително важно, бидејќи имавме размена на работни искуства, а најавена е можност за следна соработка помеѓу општина Битола и градот Бон. Ова е само почеток на нешто што ќе следува, а Германија има нешта кои убаво функционираат, а треба само да се применат. Средбата е на иницијатива на амбасадорот на Германија, кога ја посети општина Битола, и беше тогаш истакнато дека треба Битола да има соработка со општина Битола, што за една година се реализира.

-Од пред две недели сме во Скопје, со ментори и практиканти од Бон, каде ја градиме патеката по која ќе се оди бос, каде децата ќе ја доживат природата. Се надеваме дека и со Битола ќе започнеме соработка. имаме први впечатоци од Битола и се надеваме дека во иднина ќе реазлизираме заеднички проекти, а денешните работни средби тоа го навестуваат, рече претставникот на општина Бон, Никлас Рот, од секторот за развој и унапредување.

-Нашите гости од Бон имаа желба да се запознаат со дејностите кои ги има ЈП “Комуналец“, а ние им ја презентиравме целосната дејност. Ги посетија просториите на претпријатието, делови од градот, управувањето со отпадот, возниот парк, собирањето на био-отпадот. Ги запознавме со проектот “Симбиоза“ и неговата реализацја, а најповеќе се интерсираат за зелените површини во градот, управувањето со гробиштата и осветлувањето. Ќе ги посетиме и Германнските гробишта, по што ќе ги детализираме правците за соработка, рече Панде Богоевски, кој беше домаќин на дел од делегацијата од Бон.

Неговата колешка од Бон, Анке Калерт, која е одговорна за 300 вработени за одржување на зелените површини во Бон, по работните состаноци во “Комуналец“ и општината рече:

-Во името на целата делегација од Бон благодарам за прекрасното претставување на зелените површини во Битола, а морам да кажам дека сме позитивно изненадени од паркот, гробиштата… Во начинот на работа имаме заеднички, но и разлилни пристапи во работа. Сакаме да размислиме за проекти околу парковите, игралиштата за деца, а се надевам дека по посетата на Бон од ваша делегација, ќе најдеме заеднички проекти кои би реализирале, и додаде:

-Околу можноста за размена на дрвја и цвеќиња би било најдобро да се информираме кои растенија успеваат во Бон и Битола, па стручните служби да дадат одговори, бидејќи со промена на климата во Бон се размислува за зеленило кои е отпорно на повисоки температури и суши. Не знам како ќе оди трансферот за овие дрвја и растенија.

-Имаме проект кој е направен во “Комуналец“ со кој предлага „дендро парк“, а одбрана е и локацијата. Би имало и таблички  за појаснување на растенијата, додаде Богоевски, кој ќе им го презентира проектот на германската делегација.

More from ВестиMore posts in Вести »