Press "Enter" to skip to content

На Француските алпи, скијачите на Пелистер, ги одработија најдобрите подготовки (фотогалерија)

-Ева Милевска настапи на завршните француски и британски првенства и ја оствари нормата која ја предвиде македонската скијачка федерација.

-Ски-бодерите Евгениј Ристевски, Андреј Мушуланов и Анамари Мушуланова, тренираа и собираа меѓународно искуство.Специјално од Тињ, Франција, за bitolanewѕ

Екипата на скијачкиот клуб Пелистер ги заврши мини подготовките во алпско и snowboard скијање кои ги имаа на одлично подготвените терени за скијање, под водство на првиот тренер Александар Стојановски, каде имаше и настапи на неколку натпревари.Според извештајот од Тињ, Франција, сите во скијачката експедиција не го кријат задоволството од тоа како и на кој начин се изведени подготовките на младите скијачи, на кои овие подготовки многу ќе им значат во нивниот понатамошен развој. -Условите за работа беа одлични и се се одвиваше според зацртаниот план за подготовките кој го испланиравме порано. Со овие подготовки, кои мора да кажеме дека го подигнаа нивото на работа на клубот, се стави крај на оваа натпреварувачка сезона, која според многу параметри е многу значајна за клубот. Најповеќе според резултатите кои се постигнати, на домашен терен, на меѓународен план, во алспко и snowboard скијање, велат од ски-клубот Пелистер, во јавувањето од Тињ, Франција.На оваа мини турнеја беа Ева Милевска која зеде учество и на три натпревари. Таа скијаше на завршницата на француското првенство заедно со француските најдобри скијачи во категориите У-10 и У-12, потоа на завршното британско првенство заедно со скијачи од Франција и Италија.Тренерот на Пелистер, Александар Стојановски, за настапите на Милевска вели:-Иако конкуренцијата беше силна, Ева Милевска, имаше одлични резултати и ја оствари нормата која ја предвиде македонската скијачка федерација. Ова е преголем успех за Ева бидејќи се натпреваруваше со силна конкуренција на скијачи, во кои има вложено многу. Можам да напоменам само некои бројки за да биде појасно колку е вреден успехот на Ева. Во секој учесник на трките на француското или бтиранското првентво кое се восеше тука, во У-10 или У-12, е вложено најмалку по 20 илјади евра секоја сезона,  а ние со минимални средства, да не речам практично без пари. Но, да ги оставиме парите на страна, тие имаат не секој чекор терени со вонсериски услови, тренерите им се на располагање секој ден, а на крај ќе додадам дека имаат по 200 скијачки денови, кои максимално ги користат. За “суви“ тренизни не спомнувам.Во битолската скијачка експедиција на Француските алпи, беа и ски-бордерите на ски-клубот Пелистер, кои исто така одработија одлични подготовки, стекнаа ново меѓународно искуство, а од она што го видоа во овој скијачки, светски, центар, секако дел ќе применат и во својот начин на подготовки и натпревари.Скијачкиот клуб продолжи еден начин на работа, дел од активностите да ги има во странските скијачки центри, посебно во време кога во земјава нема скијачки центар кој работи во ова време, а како велат во центар во кој немал вакви подтотовки нути еден македонски клуб, благодарение на Александар Стојановски – Швеѓата, кој долги години работи таму, на Франциските алпи.

More from СпортMore posts in Спорт »