Press "Enter" to skip to content

Градско женско фудбалско дерби, убедлива победа на Топ гол над Атлетико (фото)

Топ гол – Атлетико 7:0 (3:0)

Стадион: “Павел Шатев“ – Ќумурно игралиште

Гледачи: 100

Топ гол: Салиевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Гоцевска, Јанкоска, Петровска, Талевска, Гелевска, Јанковска и Миленкова (Николовска, Митаноска, Крбалевска, Салиевска и Ѓорѓијева)

Атлетико: Вучева, Цапевска, Цветковска, Крстевска, Јованова, Данчева, Стојановска, Миленковска, Бојкова, Цветковска и Вучева.Во градското дерби кое се одигра во рамките на 18 коло од ПФЛ-жени, на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, помеѓу екипите на Топ гол и Атлетико, победи убедливо Топ гол, со резултат од 7:0, полувреме 3:0.

Головите за Топ гол ги потигнаа: хет-трик на Теодора Јанковска, двата погодоци на Теодора  Бумбаровска и еден на Маргарита Талевска.Капитенот на Топ гол Бумбаровска, за овој натпревар изјави:

 

-Едно големо браво за моите соиграчки и стручниот тим за оваа висока победа над Атлетико. Ова беше една рутинска победа со која ја продолжуваме победничката серија и придонесе да ја подигниме  самодовербата на повисоко ниво. Мислите и амбициите ни се насочени кон ½ финалето од куп натпреварувањето каде тоа ќе биди наш вистински тест за квалитетот кој го поседуваме.

Следното коло екипата на Топ гол им гостува на екипата на Кочани во рамките на 19 коло.

More from СпортMore posts in Спорт »