Press "Enter" to skip to content

Извештај на “Земи здив“ за месец март, ПМ10 под максимално дозволените граници

Средномесечните концентрации на ПМ10 честичките во воздухот за месец март 2019 година на сите локации се движеле под максималните дозволени граници 40 µg/m3, но загрижуваат податоците за ПМ 2,5 честичките кои на сите локации се движат над пропишаните просечни вредности посебно во месноста “Бадем Балари“, стои во извештајот на платформата “Земи здив“ за месец март, кој е објавен деновиве.

Среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот за месец март генерално се движеле во рамките на дозволеното, особено во втората половина на месецот, кога може да се констатира релативно почист во Битола на сите локации каде има поставено мерни станици. 

Највисоки концентрации на на ПМ 10 честичките во воздухот се забележани од 1 до 5 март кога се движат од 40 до 70 µg/m3, а најзагаден бил воздухот на 5 март. Најчист воздух во овој период има околу “Декорпот“ и “Областа“, а најзагаден Дрвен Пазар, Бадем Балари и Широк Сокак.

Денови кои имало најголемо загадување, според извештајот на платформата “Земи здив“ во март биле 21, 24 и 28 март, а во деновите кога немало загадување поголеми вредности се забележани во месностите “Бадем Балари“ и “Баир“.

Ви го донесуваме и комшлетниот извештај на платформата “Земи здив“.

Air quality report Bitola march 2019

More from ВестиMore posts in Вести »