Press "Enter" to skip to content

Пионерките на Пелистер Волеј во “Фајнл фор“ (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Скопје Волеј 3:0 (25:06, 25:16, 25:16)Голема и заслужена победа на пионерките на Пелистер Волеј со максимални 3:0, по сетови, над екипата на Скопје Волеј, со која како фаворити влегуваат во завршницата  “Фајнл фор“ (Ф4). Тие во 1/4 финалето во реванш средбата одиграа мотивирано уште на самиот старт и апсолутно ја оправдавме улогата на фаворит.-Уште во првиот сет ја демолиравме екипата на Скопје Волеј од Скопје, на која и дозволивме само 6 поени, со што докажевме дека сме една од најдобрата пионерска екипа во државата. И во вториот сет започнавме доста енергично и самоуверено, а нашиот сервис беше нескротлив за противникот, што беше причина да добијат шанса и играчите од клупа, кои доста самоуверено си ја одработија задачата за крај на вториот сет. Овие два сета беа сосема доволни во овај 1/4 финален дуел, затоа што во Скопје беше 3:1 за Пелистер, па по малото опуштање во 3 сет и благото водство на противникот, нашите одбојкарки направија брз преврат и ја заверија убедливата победа препуштајќи му на противникот само 16 поени, онолку колку што освоија и во 2 сет, велат од Пелистер Волеј.Пионерките освоија 54 поени, 28 од напад, неверојатни 24 АС поени и 2 директни поени од блок. Имаа само 16 грешки, од кои 8 пати од сервис, само 2 пати во напад, а имавме и 6 грешни приеми.Поените за Пелистер Волеј ги освоија: Андреа Стојановска 14, Георгина Станковска 12, Ивана Василевска 12, Ева Трпеновска 10, Стефани Најдановска 5 и Ангела Нонкуловска 1.Две од трите младински екипи на Пелистер Волеј се во самата завршница, во трката за медали и тоа е само уште една потврда за успешната сезона, онака како и што беше зацртано на самиот старт.Исполнети се речиси сите цели кои беа зацртани, имаме: 1/2 КУП на Македонија, пионерки во Ф4, младинки во Ф4, кадетки разигруваат за 5 место, сениорките се на 6 позиција во по квалитетниот сегмент од лигата.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *