Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: украден и опожарен “форд транзит“, тепачка на “Партизанска“ и викенд сообраќајни контроли

Во саботата, во 23.00 часот, во СВР Битола, Р.К. (23) од Битола, пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот непознат сторител го одзел неговото товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки. Според пријавеното, сторителот влегол во незаклученото возило и го стартувал со клучот кој бил оставен на бравата. Неделата во 15.00 часот на ул.„Караорман“ возилото било пронајдено опожарено и од него биле одземени два акумулатори. СВР Битола презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера во СВР Битола било пријавено дека на улица „Партизанска” во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата З.Ц. (38) од с. Олевени и Љ.Т. (39) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола викендот (12,13,14) април  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, било констатирано дека 87 возачи ја пречекориле дозволената брзина, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, 11 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото и 12 возачи не користеле сигурносен појас.

More from ВестиMore posts in Вести »