Press "Enter" to skip to content

Јована Танчевска изработи кабелски сноп од “Кромберг и Шуберт“ во домашни услови и победи (фото)

На 56. Регионален натпревар на младите техничари и природници во областа “Применета математика“ учествуваше и ученичката, Јована Танчевска, од ОУ “Св. Климент Охридски“,  која го прифи предизвикот да се натпреварува во оваа област, на предлог на наставникот по математика Лидија Шунда Шокларовска од

Непосредниот разговор наставник-ученик покажува дека родителот на Јована е вработен во фабриката “Кромберг и Шуберт“ и работи на изработка на кабелски сноб, а менаџерскиот тим од фабриката беше запознат со намерите на Јована и наставникот, кои ги повикаа да ја посетат фабриката и да се договорат околу избор на тема и понудени податоци со кои ќе може да се изработи домашниот труд, а претходно беше потпишан Меморандум за соработка на нашето училиште и фабриката.При посетата имавме конструктивни разговори со одговорни менаџери  и посета во самото производство со што ги потврди нашите знаења за применливоста на математиката во изработката на кабелските снопови во автомобилската индустрија.

Меѓусебната соработка, инженери, наставник и ученик вроди со плод, изработивме домашен труд и макета, според сите понудени пропозиции на тема: Примена на математиката во изработка на кабелски сноп во фабриката “Кромберг и Шуберт“ и со таа “домашна задача“, ученичката Јована Танчевска, го освои првото место, а потоа и на Државниот натпревар за Применета математика, го потврди освоеното прво место.-Математиката не е цел сама по себе. Таа е “маша за буричкање во огнот“ разгорен од многу науки и индустрии. А замислете да немате маша. Или ќе треба огнот да угасне или да буричкате со голи раце, вели кратко Јована за нејзиното интересирање за математиката, која за применетата математика вели дека е гранка од математиката која се занимава со математички методи кои наоѓаат примена во науката, инженерството, бизнисот, информатиката и индустријата.

-Многу математички истражувања и решенија потекнуваат од проблеми во реалниот свет. Со цел подобар и поудобен живот, реалниот свет има свои барања, односно креира проблеми. Решавајќи ги нив, или произлегуваат други проблеми, или добиените решенија треба да се подобрат и надградат, или се креираат нови проблеми за уште подобар и поудобен живот, и така се во круг. Науките и индустриите треба да понудат решенија за тие проблеми и ете ја потребата од математиката, вели ментор на Јована, Лидија Шунда Шокларовска.

Жанета Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.