Press "Enter" to skip to content

Годинава по 40. пат фестивал на народни песни – “Добрушево 2019“

Сите заинтересирани пеачи за учество на фестивалот можат да се пријавуваат до 24 април, а специјален гостин ќе биде Влатко Лозаноски.

Годинава по 40. пат ќе се одржи фестивалот  за народни песни “Добрушево 2019“ кој е во организација на невладината организација Младинска организација Добрушево (МОД – Добрушево).

Иванчо Здравески од МОД – Добрушево за годинашниот фестивал вели:

-Оваа година е јубилејна година, односно фестивалот ќе се одржи по 40 пат, а фестивалот на народни песни “Добрушево 2019“ е традиција и сите со нетпрение го очекуваат. На овој фестивал, кој ќе се одржи на 28 април, недела, секоја година, па и оваа се појавуваат пеачи кои се почетници и немаат кариера, но имаат желба за пеење. По изведбите на песните од нивна страна, а учесниците според правилата на фестивалот, право имаат да настапат само со македонски песни, на крајот стручна жири-комисија, составена од професори по музичко образование ги избира најдобрите и им доделува награди за прво, вроро и трето место. Сакам да додадам дека наградите се парични.

Организаторите истакнуваат дека како и секоја година на фестивалот ќе има специјален гостив, а годинава ќе биде најпопуларниот македонски пеач, Влатко Лозаноски, а пелачите ќе ги придружува оркестарот “Фаворити“.

Настанот-забавата ќе се одржува на отворено, ќе започне во 20 часот, на повеќенаменското игралиште, веднаш до центарот на Добрушево. Цената на влезниците е симболична и е само 100 денари.

Сите заинтересирани млади пеачи можат да се пријават до 24 април на телефонскиот број  075/200-225 или на е-маил: moddobrusevo@yahoo.com

За повеќе и информации на фејс-бук прифилот на МОД-Младинска Организација Добрушево.

https://www.facebook.com/%D0%9C%D0%9E%D0%94-%D0%9C%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%94%D0%BE%D0%B1%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D0%BE-289936734491095/

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.