Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник го изненади Вардар, имаше +9, но на крај беше поразен (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Вардар 28:30 (18:10)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 3.000

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.Еурофарм Работник: Трајкоски, Чаневски, Ојлески 2, Маркоски 5, Петровски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Стјепановиќ 4, Кузмановски 8, Радовиќ, Кукоски, Остроушко 4, Граџан, Ѓукиќ 5, Петровски.

Седмерци: 2/2, исклучувања: 4 мин.

Вардар: Милосављев, Кизиќ, Стоилов 4, Недановски, Поповски 1, Кристопанс 5, Карачиќ 3, Скубе 3, Дибиров 8, Горбок, Шишкарев 4, Војводиќ 2, Мишевски, Калараш 1.

Седмерци: 4/4, исклучувања: 2 мин.Ракометарите на Вардар тешко стигнаа до победата во Битола, откако ракометарите на Еурофарм Работник ги изненадија, а во еден момент имаа разлика од 9 гола во нивна корист. “Вардарци“ имаа проблеми во своите редови педесетина минути,  а само завршницата од натпреварот им припадна нив и тогаш го добија натпреварот, иако “фармацевтите“ имаа шанса за победа до последната минута.Еурофарм Работник дојде до висока предност и во 9. минута од средбата стигнаа до 7:1, по што ја контролираа натпреварот и резултатот, а Вардар намали -3, (9:6). Но, потоа се се до крајот на првото полувреме беше во знак на Еурофарм Работник и на полувреме се отиде со заслужени 18:10.Стартот на вториот дел беше резултатски во корист на Еурофарм Работник, а по 20:12 следуваше серија на Вардар 5:0 и намалување на резултатот на 20:17. Во последните десетина минути првото израмнување беше 27:27, а потоа и првото водство на Вардар 27:28 на пет минути до крајот.Следуваше израмнување на 28:28, а по водството на Вардар 28:29, Кузмановски не погоди за ново израмнување, а последниот гол беше само формалност во последните секунди.

More from СпортMore posts in Спорт »