Press "Enter" to skip to content

Клиничка болница-Битола со мерки за заштита од морбили

По препораките на министерството за здравство на Република Северна Македонија и прогласувањето на епидемија на подрачјето на цела држава заради заштита на населението, Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ од Битола, ги спроведува следните мерки за заштита:

-Забрана на посети во стационарот на Клиничка Болница Битола.

-Сите лица кај кои ќе се јави осип по кожата на телото, фебрилни состојби одма да се јават на инфективното одделение при Клиничка Болница Битола каде е органзиран посебен влез за движење на такви пациенти.

-Вработените се екипирани посебно инфективното одделение за да се справиме со морбилите но досега во Битола немаме ни еден случај со морбили затоа да се придржуваме превентивно на препораките за да останеме во ваква состојбата.

Мерките стапуваат на сила почнувајќи од денес, 17 април 2019 година, соопшти потпаролот на Клиничка болница, Сузана Конеска.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.