Press "Enter" to skip to content

Со предавање за спортска исхрана, започна неделата на спортски активности на УКЛО

На Факултетот за Биотехнички науки во Битола се одржа предавање на тема „Спортска исхрана за спортисти и рекреативци“, наменето за студентите на УКЛО.

Станува збор за интересно предвање за исхраната, еден од најважните делови од целокупниот комплексен систем за здрав начин на живот и постигнување резултати во спортското и рекреативното вежбање.

Студентите со видлив интерес го следаа излагањето на спортскиот консултант, Николче Костовски посветен на правилната исхрана и здравите биолошки навики.

Со овој настан на УКЛО започна неделата на спортско – рекреативни манифестации за студентите, по повод  40 годишниот јубилеј на Универзитетот. Пригодата беше повод проректорот за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Виолета Маневска да најави  низа манифестации и активности посветени од и за студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.