Press "Enter" to skip to content

Од денес, битолчани на хидро-терапија во базенот во Физикална (фото)

После многу години кога никој не се надеваше, откако базенот веќе падна во заборав и хидро-терапијата битолчани не ја имаа на располагање, денес базенот во Физикалното одделение, денес е пуштен во употреба, а добрите услови што им ги нуди Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ на пациенти многу ќе придонесат во нивната рехабилитација.
-Кога повторното пуштање на базенот во употреба беше заборавени, а се се сведе на желби, благодарение на нашите спонзори и волјата на менаџерскиот тим на Клиничката Болница под раководство на директорот д-р Зоран Лазаров сите коцки се поклопија и безенот за хидро-терапија во Физикалното одделение од денес можат да го користат нашите пациенти, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница Битола, која не ја пропушти приликата да изрази во име на Болницата и пациентите благодарност до спонзорите кои помогнаа за реконтрукцијата. 
Како спонзори за повторното пуштање во функција на базенот се јавија; Авто-Мото друштво “Ѓорги Наумов”-Битола, “Еурофарм“ – Битола, “Exspecta Medical Skopje“, “Велпром“ -Скопје, “Шики Дооел“ – Битола, “Septima“ Skopje, “Технобитола“ – Битола, “Есперанса“ -Битола, “Оксер“ – Битола, “Еуродоор“ -Битола.
Како изведувачи на работите беа “Адмирал“ – Скопје, “Експеранза“-Битола и “Интертриумф“ – Битола.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.