Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Крсте Крстевски – Крцул

По долго боледување на 79 годишна возраст, денес во Битола почина, Крсте Крстевски – Крцул, познат поранешен сестран спортист, фудбалски и ракометен судија, фудбалски делегат, кој како таков го познаваа неколку спортски генерации.

Кога се зборува за Крцуло, како едноставно го викаа битолчани, за спортист, за него се поврзани неколку спортови. Започна некако во исто време како боксер и атлеричар и на стартот беше републички првак во бокс, победуваше, како репрезентативец, на сите атлетски митинзи каде се појавуваше, а беше и основачите на АК Олимпија. Успешен бил и како пливач. Подоцна продолжи како фудбалер во Пелистер, како лев бек, а повозрасните битолчани го паметат и како скијач со значајни резултати. 

Битолчани кои гои познаваа го паметат како голем борец, кој и покрај многуте повреди кои ги имал на спортски план не се откажал и повторно се враќал на спортските терени, а и последните години не се предаваше се бореше со болеста.

По завршувањето на спортската кариера беше голгогодишен спортски работник, започна со делење на судиската правда на ракометните и фудбалските терени. Најголема популарност стекна како фудбалски судија, а ќе остане запишан во историјата како најмлад фудбалски судија.

Крстевски има судено дерби натпревари на големата четворка на ЈУ-фудбалот, Партизан, Црвена Звезда, Динамо и Хајдук.

По завршувањето на судиската кариера беше фудбалски судија и фудбалски делегат. По осамостувањето на Македонија беше и претседател на Судиската организација на Македонија, а им помогнал на стотици судии да стигнат до различен судиски ранг. 

Неговата судиска кариера ја продолжи неговиот син Љупчо Крстевски кој стигна до межународен судиски судија.

Крсте Крстевски – Крцул е носител на голем број на медали, дипломи, и голем број на признанија, а ќе ги споменеме наградите од Фудбалскиот сојуз на Југославија, наградите од Македонската фудбалска федерација, СОФКА на град Битола, Сојуз на спортови на Битола и многу други.

Крсте Крстевски – Крцул ќе остане запаметен и како голем пријател на сите спортисти и битолчани, како голем поддржувач на младите спортисти, а и како голем пријател со битолските спортски новинари.

Погребот на Крсте Крстевски – Крцул ќе биде утре во 12 часот во Буковските гробишта, а последна почит битолчани ќе можат да му оддадат од 10 часот во капелата во храмот “Св. Димитрија“ во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »