Press "Enter" to skip to content

Земјоделско и компанијата “Евростил“ договорија соработка на повеќе полиња

Средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ и компанијата “Евростил“ потпишаа меморандум за долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.Со меморандумот се договорија взаемниот интерес да се остварува со заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер, соработка во едукативни процеси преку ангажирање на стручњаци од практиката за реализација на клиничка (стручно-практична) настава.

И практична настава за учениците од СОЗУ ,,Кузман Шапкарев” – Битола е предводена со меморандумот, во зависност од расположливите можности, како и различни облици на научна, истражувачка и техничка соработка, консултации и експертизи, организирање на тркалезни маси и размена на искуства и организирање на курсеви и обуки на учениците.

More from ВестиMore posts in Вести »