Press "Enter" to skip to content

ЛДП-Битола го прослави роденденот со еколошка акција во паркот кај Офицерски (фото)

Либерално демократската партија 22. роденден го посвети на здравата животна средина со еколошки акции во повеќе градови низ државата, а во Битола, членовите на битолскиот огранок засадија 22 садници во паркот кај Офицерски дом.На акцијата на која се појавија голем број на членови на партијата од Битола, беше и претседателот на ЛДП, битолчанецот, Горан Милевски.Милевски по симболичното засадување на 22 садници на зимзелени украсни дрвја рече:

-По повод 22 роденден на ЛДП одлучивме да одржиме еколошка акција и наместо средствата да ги потрошиме во свечени коктели се одлучивме тие средства да ги потрошиме за набавка на садници. Засадувавме во неколку градови по 22 садници, во секој од градовите кои беа заинтерсирани да ги засадат.Зошто се одлучија да засадат садници на ова место во Битола, Милевски рече:

-Се одлучивме да засадиме на уредениот, но празен простор во паркот кај Офицерски дом во Битола, плашејќи се урбаната мафија да не го претвори во некоја нова зграда. Сакавме и го пошумивме овој дел од градот, со цел да го заштитиме и да остане како јавно добро на сите граѓани.По акцијата наместо коктел сите учесници во акцијата добија по еден сендвич.

More from ВестиMore posts in Вести »