Press "Enter" to skip to content

Продолжува континуираната наобразба на медицинските сестри од болницата “Плодност“ (фото)

Медицинските сестри од специјалната болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ продолжуваат со континуираната наобразба, беа на семинари во Сплит, Хрватска и во Клиничка болница „Жан Митрев“ во Скопје.

Главната медицинска сестра во болница “Плодност“, Ребека Алексовска и медицинската сестра, Сузан Таировска, беа дел од семинарот кој од 8-12 април се одржа во Сплит, Република Хрватска.На овој семинар нашите медицински сестри беа дел од сесиите посветени на повеќе теми, односно ендокринологија, физикална медицина и рехабилитација, како и алергологија и клиничка имунологија.Овој семинар, кој имаше за цел да ја продолжи континуираната наобразба на медицинските сестри во насока на заштита на најмладата популација, беше организирана од страна на Хрватското педијатриско здружение и други медицински здруженија и здравствени установи.

Исто така десет медицински сестри од одделот неонатологија во болница “Плодност“, беа дел од тридневната обука на тема “Неонатален васкуларен пристап“, која се одржа од 9-11 април во ДЗУ Клиничка болница “Жан Митрев“ во Скопје.На оваа работилница во теоретскиот дел се работеше на сите васкуларни пристапи – умбиликален, периферен, централен венски пристап, поврзано со сите ризици и предности при ракување како и техники на пласирање.Во практичниот дел, како што е прикажано на фотографиите, медицинските сестри имаа практична вежба на опремени кукли за автентична проба на материјалите.

Со ваквиот вид обуки, медицинските сестри уште повеќе ги усовршуваат своите техники при ракување со материјалите потребни за различни видови кај новороденчињата.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.