Press "Enter" to skip to content

Со настапот на џез-трио отворено второто издание на “Џез-фактори фестивал“ (фото)

Во полната со публика сала на Народниот театар во Битола, со концертот на џез-триото составено од Теодосиј Спасов, Тони Китановски и Виктор Филиповски, започна годинашното издание на “Џез-фактори фестивал“, а со тоа започна да се изведува и предвидената програма.Теодосиј Спасов вечерва на битолчани им се престави во неговото препознатливо издание, како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин со оригиналн идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанрови, а вечерва тоа го направи со Тони Китановски и Виктор Филиповски.Битолската публика која ја исполни салата во Народниот театар, кој е официјален  партнер на фестивалот, уживаше во одличните изведби, а во придружната фестивалска (“оф“) програма за вечерва во клубот “Порта џез“ е закажан концерт на “Скопје Џез Инк“.Во рамки на фестивалот, во Битола ќе се одржи и џез-работилницата со наслов Џез фестивалиорганизацијавмрежувањемобилност на артисти, на која ќе говорат уметници,  гости од државата и странство.Утре ќе настапи “Џоле Грујовски квартет“ и “Кабадајас“ во Битолскиот народен театар, а Лина Авшар концерт ќе има во “Камарите“.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.