Press "Enter" to skip to content

Денес и утре пролетен саем во “Ангромаркет“, 8.000 производи по дисконт цени од 10-50 % (фотогалерија)

Одлично организиран прв пролетен саем, на кој производите кои се продаваат со намалени цели од 10 до 50 проценти, попуст кој го нудат самите компании.Рачен и електричен алат, градинарски производи, производи за уредување на граините, штрафовска стока, резервни делови, телевизори и бела техника и други производи се продаваат со големи попусти на првиот пролетен саем кој го организира “Ангромаркет“ заедно со компаниите кои продаваат производи во нивните супер маркети.-Нашата компанија “Ангромаркет“ заедно со другите компании кои продаваат производ кај нас, се одлучивме на нашите и нивни купувачи да им понудиме нов начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти. Овој, како го нарековме, пролетен саем го организираме прв пат и ќе трае викендов, денес и утре. Заедно со партнерите продаваме производи на платото пред ресторанот на отворено, а секако и во нашиот затворен простор каде е “Баумаркет“ и “Хоум центар“, вели Александар Котевски, менаџер на “Ангромаркет“, која дадава дека од секогаш во изминатите 20 години компанијата е позната која продава по одлични цени и има широк асортиман на производи, а сега и го промовираме и изложбениот салон.На првиот пролетен пазар свои продажни места имаа компаниите “Синпекс“, “Вурт“, “Бем трејд“, “Мега трејд“, “Јени мармакис“, “Хом идеа“ и други. Комерцијалниот директор на “Ангромаркет“, Билјана Лазаревска, за овој нов начин на продажба во оваа компанија вели:-Ние сме добро позната компанија, а ова што се случува денес и утре е за прв пат во нашето две децениско постоење и е ново специјално подготвено за нашите купувачи. Ние како компанија ова го најавивме, како предизвик кој го веќе го реализиравме. Добро познато фирми и брендови се заедно со нас, а како гледаме од првиот ден ова е примамливо за нашите купувачи, а веќе размислуваме до година да има поголем број на компании.Компанијата “Бем трејд“ се одлучи на битолчани да им понуди поголеми попусти за производите кои ги продава. Омер Обрахими од оваа компанија вели:-Ме радува што “Ангромаркет“ се одлучи да организира ваков саем, на кој можеме да се претставиме како компанија, а на купувачите да им понудиме стока по дисконтни цени. Одличен простор за продажба, одлична организација, добра продажба, тоа е се што може да се посака на ваков убав ден.И битолчани кои ги најдовме тука, како пазаруваат велат дека одлично пазариле. Стево од населбата “Стрелиште“ кој  е редовен муштерија во “Ангромаркет“ ни рече:-Јас сум мерак по алати и купив поволно мала брусалица, која ќе ја замени старата, сопругата е кај масите и столиците за во градината и сигурно нешто ќе одбере, а јас ќе поминам и кај телевизорите. Гледам дека има интерес за многу производи, бидејќи цените се поволни. За пролетниот саем да биде комплетен организаторите се потрудија да има и храна за купувачите и посетителите, ресторанот е летната бавча е целосно ставен во функција на гостите на саемот, а за забавата се потруди и ренониран оркестар.Покрај продажните штандови на саемот се застапени и десетина компании кои имаа дегустација на своите производи.

Текст и фото: С. Ристевски