Press "Enter" to skip to content

Интервју: Сефејдин Бајрамов – останав доследен на својот стил кој одговара на мојот сензибилите – пеам од срце за срце

Пишува: Жанета Ристевска

40 години богата музичка кариера во  која настапувал на најпознатите југословенски фестивали меѓу кои престижниот во Опатија, Суботица, Скопје потоа “Серенада на Широк Сокак“ и други. Пеел пред високи државници  Киро Глигоров, Бранко Мамула, генералот на турските вооружени сили, по повод тргнување на „Штафетета на младоста“.  Настапувал  во Турција, Австралија. Настапувал на отворањето на фестивалот “Браќа Манаки“.“Снагата во Стамбола, душата во Битола“ песна која му ја  испеал на нашиот  Ајри Демировски, “Охридски спомени“ неговата песна влезена како една од 5 најдобри евергрини во македонската забавна музика. Тоа е “македонскиот Кемал Монтено“ како што го нарекуваат заради својот златен и сензибилен глас кој буди емоции  тоа е нашиот Сефејдин Бајрамов.  Моментално има ангажман и настапува за битолчани кои доаѓаат во ресторанот „Белведере“. Со тој повод  го закажавме и разговорот каде на терасата го пиеше своето утринско кафе и уживаше во погледот на Битола со отсјај од зраците на пролетното сонце, во Битола опеана во неговите серенади, песни и која ја чувствува длабоко во себе….  

Достоинствно не поздрави и ми изгледа на човек  кој е задоволен од животот оној кој сега ужива во плодовите на она што го постигнал.  „Успешен е оној човек кој е задоволен и среќен“.-Сега со полна душа пеам за гости кои доаѓаат тука и ја почитуваат добрата музика. Иако имав прилики за ангажмани надвор, останав во Битола можеби и по цена да имав поголеми успеси. Од оваа перспектива сега и мило ми е за тоа. Тука  имам пријатели кои ме почитуваат, на кои сум се потпрел и можам да се потпрам кога ми треба помош. Што е подобро од тоа… ни вели и продолжува: почитуван сум како човек кој држи до себе и високи човечки вредности. Сум настапувал на многу престижни места, но овде каде настапувам ресторан “Белведере“ на среде Битола има посебна драж и одговара на мојот музички опус  а тоа се: македонска музика, хитови,  евергрини,  интернационална,  староградска, серенади….

  Oва е само  дел од неговата успешна кариера.

Но да почнеме од почеток и да видиме како ја започна својата богата музичка кариера… Твои сеќавања за тоа како почна да пееш и да се занимаваш со  музика?-Растев во центарот на Битола зад уредот на улицата “Козара“  во маало кое како што го нарекуваа “музичко маало“.  Ми се чини сите пееја и беа добри пејачи. Имавме  често  боемски седенки со музика која беше за душа староградски песни, евергрини кои беа тогаш популарни. Во тој период  овде  егзистираа разни аматерски групи кои беа музички активни.  Во такво опкружување и јас како да се насочив, односно мојот талент и љубов кон музиката.  Започнав  да пеам  како аматер со воениот оркестар на ЈНА уште во далечната 1972 за да во 1974 на еден натпревар за пејачи солисти  бидам прогласен за   „Златен глас  на Битола“  и со тоа добив самодоверба и можам да кажам дека од тука ми почна кариерата. Потоа заминав во војска 1975 и   одкако се вратив добив покана од групата “Хераклеа“ да настапувам со нив. Нивните настапи беа во туристичкот Охрид, преку лето на терасите од ресторани, хотели каде исполнувавме репертоар од староградска музика, серенади, интернационлсни хитови и евергрини и секако квлитетна забавна и народна македонска музика. После тоа  подолго време настапував со групата на познатиот музичар, Боцкино, на летната тераса од поранешенниот ресторан “Корзо“. Во тој период 70 години тоа ме беше место каде  излегуваа и се  забавуваа  младите. Се  слушаше романтична музика, евергрини, интернационални хитови но и староградска за душа. Во летните ноќи многу млади битолчани се вљубуваа и уживаа во овие звуци. Уште како да ми доаѓаат звуцита од тогаш и мирисот на летните ноќи. Секако дека во тој период  јас какао млад амбициозен  имав желба  да  се промовирам и настапувам подалеку.

Во тој период  фестивалите беа сцена каде пејачите се појавуваа и се промовираа    Кажетени повеќе за тој период и твои настапи на фестивалска сцена?-Во тој период имаше многу квалитени фестивали низ цела бивша Југославија. Мој прв настап беше 1978 година  на младинскиот фестивал во Суботица кој беше познат по тоа што  настапуваа млади талентирани пејачи и секако беше  престиж да се настапи на истиот. Фестивал каде  млади пејачи испливуваа од анонимност. Јас настапив на тој младинскиот фестивал во Суботица  и  освоив 2 награда од жири. Со тоа како да ми се отворија вратите во музичкиот свет и во 1979 година  ја добивам песната која ја означува мојата кариера “Охридски спомени“ од Кире Костов и Миодраг Врчаковски и со неа настапив  на Скопскиот фестивал “Скопје 79“ каде бев прогласенм за откритие на фестивалот. Можам да кажам дека оваа  песна ми ја одбележа кариерата и таа е влезена   во 5 најдобри евергини на Македонската музика на сите времиња.  Почнав да добивам песни од најдобри композитори  кои беа специјално  напишани за мене. Во  1981 година  претставник сум од нашата република во тогашна Југославија да настапувам на фестивалот во Опатија како еден од најквалитетни пејачи,  со песна од Александар Џамбазов во хотел „Кварнер“ во кристалната сала. Таму  настапуваав и по втор пат 1983 година што беше голема чест како пејач бидејќи таму да се претставиш беше големо признание. На тој фестивал настапува големи имиња како композитори, автори и изведувачи на музика од сите југословенски републики. Се пееше во живо со огромен оркестар.  Тука настапуваа Габи Новак, Исмета Крвавац, „Амбасадори“, Здравко Чолич,„Индекси“ Кемал Монтено… Тоа е златен период од мојата кариера и кога  требаше да направам храбар чекор, овде  ќе признаам дека се исплашив. Имав прелиминарни преговори со Кемал Монтено за соработка заедничка заради сличниот сензибилитет во изведба но не отидов во Сараево. Многу причини од кои и  финансиски. Мојата кариера продолжува во Р. Македонија и најповеќе  во Битола. Од тогаш и го добив епитетот „македонски Кемал Монтено“ што ми е многу чест за таквата споредба со пејач кој е единствен по својот   квалитетен глас и емоција, 

Имата настапи  на многу фестивали но некако многу ве поврзуваат со “Серенада на Широк Сокак“.  Кажета ни повеќе за овој фестивал?Серенада фест ….летни ноќи на терасата од  Офицерски дом… спомени кои ретко кој битолчанец кој доаѓал на „Серенада“ ќе ги заборави. Битола е колевка  на музиката и овде сите пеат. Квалитетот е на највисоко ниво. Јас сум единствен пејач кој настапувал на сите фестивали „Серенада на Широк Сокак“  добитник сум на награда за интерпретација. Оваа музика многу  лежи на мојот сензибикитет и емоција. Се пронајоѓам во тој стил на  лирска песна   и романтични звуци. Сите овие години не сум го променил стилот и по цена на  тоа што можеби оваа музика која ја изведувам не е  комерцијлна останав доследен до себе.

Вашиот музички опус е богат и имате соработувано со најдобрите македонски композитори и автори на песни. Кажет ни повеќе околу тоа?

-Уште од почеток имав среќа да соработувам со композиторите од големата четворка на македонската забавна музика во тој период, тоа беа: Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов,  Драган Ѓ. Шпато, немам песна од Димитар Масевски.   Мојот музички опус е  богат и  имам песни од 25  автори на македонска музика.  Песната „Охридски спомени“  е  влезена   во 5 најдобри евергрини на македонската музика и во компилацијата на најдобри песни на Кире Костов  меѓу најдобрите пејачи нашата земја. Од богатиот музички опус би споменалнекои мои значајни песни кои ќе ги набројам, бидејќи заради простор не можа да се пишуваат сите. “Снагата во Стамбола душата во Битола “ е песна  која е посветена на  Ајри Демировски. Во  2007 издадов албум  „Прстен за неа“ и истоимената песната од него  е и денес многу популарна меѓу младите. “Еден ден ќе ме бараш“ е фантастична  соработка со  Маријан и Давор Нечак  на текст на Огнен Неделковски. За таа песна направивме и спот на Дарио Јанковиќ со екипа.  Спотот се  снимаше на различним места  во соседна Грција, со најдобра опрема камери, дрон. Песната наиде  на добар одзив и беше промовирана пред две години кога на промоцијата се собраа на едно место еминентни имиња од македонската сцена. Голема   чест за мене. Би сакал да направам нов проект и таква промоција која е потребна денес на македонската музика

Оваа година славите јубилеј од 40 години музичка кариера…-40 години професионална  кариера,  односно  од првата снимка за МРТВ  и  сериозна музичка кариера која  сакам да ја одбележам со  дует кој го подготвуваме со  нашата сограѓанка Билјана  Дамјановска. Тоа се планира кон крајот на годината. Сите овие години од  мојата кариера се исполнети со настапи насекаде: низ бившите југословениски простори, потоа  сум настапувал  4 пати  Австралија меѓу нашите иселеници  кои ја почитуваат оваа музика која ја изведувам. Номално е дека таа публика е во помал број и тоа биле концерти за одбрана публика. Во оваа прилика сакам да кажам дека сум дочекан многу топло и носам прекрасни спомени од тие посети. Би кажал и за мојот настап во Турција пред две години во емисија која одеше во живо и ја води познат турски пејач Фарук Илмаз под име „Тек Румели “ во таа прилика  пеев песни  од „Битола мој роден крај “, „Јовано Јованке“ и многу други кои ги пееше публиката заедно со мене. Многу импресивен настап  за мене. Таа емисија одеше во живо и има податок дека ја гледале  над 300 милиони гледачи од разни страни на светот. Би сакал повторно да гостувам во  емисија од тој тип.. Овде уште би кажал дека македонската музика во Турција многу е почитувана и во една прилика на свадба каде бев присутен оркестраот имеше голем репертоар од макдонски песни кои ги бараа. Во мојата кариера посебно сеќавање ми е настапот по повод тргнувањето на Штафетеата на младоста од Прилеп во 1982. Кога на огромна бина со воен оркетсар ја пеев „Друже Тито ми ти се кунемо“ тоа никогаш не се заборава. Ова сакав да го споделам како неазборавно искуство. Би го споменал и нашиот Ајри Демировски кој кога дојде во Битола и му ја испеав песната „снагата во Стамбола, душата во Битола“. Солзита беа обострани.  

Сигурно е дека во вашата богата кариера исполнета со успеси не би била таква без поддршка од семејството.

-Без подршка на семејство не би бил среќен и успех нема. Јас се гордеам со своите синови кои двајцата се во медицината односно стоматологија. Многу сум горд на нив бидејќи го работаат тоа што го сакаат. Помладиот е надарен музички но не сака јавно експонирање. Среќен сум што успеав да бидам добар родител да ги воспитам прзилно, да се едуцираат и  да постигнуваат успеси во нивните кариери каде треба да се докажуваат. Кој родител не би бил горд на своите деца кои пред се добри, чесни  личности.

Планови во иднина

-Во овој момент сум во фаза кога уживам и сублимирам се што сум постигнал и задоволен сум. Не би сакал да ги форсирам работите и во овој момент бирам квалитетни песни. Планирам дует за на крајот од годината со Билјана Дамјановска и негова промоција. Секако и друга песна за која би се снимил и спот со истата екипа. Можам да кажам дека тандемот Нечак текстописците Огнен Неделковски, Валентин Соклевски убаво ме познаваат и ќе произлезе добара квалитетна песна. Секако  моја голема желба е да снимам дует со доајенот на македонската музика    Виолета Томовска. Потполно ме исполнува сегашниот ангажман во  ресторанот „Белведере“ каде ќе настапувам претстојаната сезона летните месеци. Овој амбиент потполно одговара на репертоарот кој го исполнувам. И луѓето кои доаѓаат тука на вечера заедно со пријатели ќе уживаат во добра музика за душа. „Од срце за среце “ како што велам.  За погледот кон нашата убава  Битола од оваа перспектива, амбиенто, храната, љубезниот дочек и да не зборувам.Можам само да забележам на крај дека има право сега да ужива во тоа што го постигнал во својата  успешна 40 годишна музичка   кариера.  Успешен татко на два сина. Заради тоа и смирено можа да го пие своето кафе на терасата и да ужива во погледот на Битола и да го валоризира тоа што го направил како што ни кажа низ разговорот. И би кажала „Среќан и задоволен  човек е успешен човек“ би завршила со мислата на почетокот од ова интервју.

Фото: С. Ристевски 

Ентериер: ресторан “Белведере“

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.