Press "Enter" to skip to content

Општинската изборна комисија го подели гласачкиот материјал, а денес гласаа 69 лица

Денес во просториите на Општинската изборна комисија, сите 169 избирачки одбори го подигнаа доверливиот материјал за утрешното гласање на престојните претседателски избори.

Според претедателот на општинската изборна комисија, Ѓуро Илиќ, утре ќе се гласа на 169 избирачки места за кои денес општинската комисија ги подели материјалите.

-Денес е поделан гласачкиот материјал до сите изборачки места, а утре ќе се гласа наместо на 170 на 169, бидејќи поради тоа што на изборачкото место во село Злокуќани има помалце од 10 запишани на изборачкиот списот, тие ќе гласаат во Бистрица, вели Ѓуро Илиќ.

-Инаку, денес гласаа 69 лица, од кои 48 болни и изнемоштени и 21 осудени лица, додава Илиќ.

Утре на претседателските избори право на глас имаат 81.738 граѓани кои гравитираат на територијата на општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »