Press "Enter" to skip to content

“WORLD CAFÉ” – вмрежување на иновативни и инспиративни млади и искусни експерти (фото)

Во факултет за информатички и комуникациски технологии ФИКТ во Битола се одржа интересен настан на кој  се сретнаа иновативни и инспиративни млади луге и искусни експерти во своите области.Настанот е организиран во рамките на проектот “EMPLOYOUTH“, финансиран од ИПА
програмата за прекугранична соработка со Грција, за млади до 35 години, чиј имплементатор е ФИКТ – Битола.

Организатор на настанот беше  Регионалната комора Битола заедно со Факлутетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.Целта на настанот е да се направи вмрежување помеѓу селектираните бизнис предлози (концепти) од претходната фаза на проектот со познавачи на реалниот сектор од областите на финансии, маркетинг, планирање и иновативност.

Поздравно обраќање до присутните млади и бизнисмени имаше проф. д-р Игор Неделковски, декан на Факлутетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, кој им посочи на младите без предрасуди да започнат да ги резлизираат своите бизнис идеи.Потоа следуваа дискусии по методот “Светско Кафе“ и младите пред бизнисмените ги презентираа и облазложија своите идеи.Модератор на настанот беше м-р Никола Димковски од Регионална Комора Битола, кој по завршувањето на настанот рече дека експертите добро ги оцениле идеите на младите и најголем број можат да најдат и практична примена, односно можат да се преточат од бизнис идеа до реалност.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.