Press "Enter" to skip to content

На денот на планетата-земја, во чест на “Тато Нешат“ започна кампањата на Ротари Клубот “Битола Широк Сокак“ (фото)

Настанот започна на “Магнолија“ каде што учениците од 3 одделение со наставничката Нела Неделковска и ќерката на Нешат Аземовски – Леона Аземовска пуштија балони со порака за тато Нешат, а потоа во ЗОО се одржа богата културна и забава програма и рецитал.Ротари Клубот “Битола Широк Сокак“ ја најави кампањата “Затоа што немаме друг дом“ во зоолошката градина во Битола се обележа, 22 април, Денот на планетата Земја, а по повод 52 дена од смртта на Нешат Аземовски кој беше долгогодишен активист за чиста и здрава средина.Целите за одржлив развој на Обединетите Нации претставуваат глобален договор на човештвото за иднината и постоењето на човештвото на Планетата Земја. Сите држави на Планетата, организации, институции, поединци имаат одговорност пред сегашните и идните генерации да превземат мерки и да делуваат кон зачувување на рамнотежата, а со тоа и опстанокот на човештвото на Планетата Земја.Токму затоа Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“ ја најави кампањата „Затоа што немаме друг дом“ по повод 22 април Денот на Планетата земја со која во наредните две години активно со различни активности ќе делува сите заедно да допринесеме кон зачувување на воздухот.-Настанот беше посветен на нашиот член, пријател, другар Нешат Аземовски, долгогодишен активист за чиста здрава средина. Аземовски ги направи пионерските чекори во борбата за здрава животна средина во Битола и целиот свој живот го посвети на проекти од оваа сфера. Активно беше вклучен и во еколошка едукација на најмладите, а неговите активности се вреднувани не само во Македонија, туку и на меѓународно ниво, вели Моника Марковска од Ротари Клубот „Битола Широк Сокак“.
Настанот беше составен во два дела почнувајќи од 10 часот на плоштадот Магнолија, каде што учениците од 3 одделение со наставничката Нела Неделковска и ќерката на Нешат Аземовски – Леона Аземовска пуштија балони со порака за тато Нешат во чест на 52 дена од неговата смрт кои ќе симболизираат дека сите сакаме да живееме во чиста и здрава средина.

Во 11 часот започна настанот во Зоолошката градина Битола со богата културна и забава програма со настап на учениците од основните училишта и градинки со рецитал и песник за Планетата Земја, настапија и децата од Си До фестивалот, збогатена со дружење со кловновите Заги и Маги.
Со поддршка на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Битола се засадија садници и цвеќиња во Зоолошката градина – Битола.
Сите пријатели понесоа многу позитивна енергија, насмевки и цвеќиња и саксии за посадување во Зоолошката градина – Битола.

Денешниот настан претставува најголем масовен настан во кој се вклучија општина Битола, јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Битола, НУУБ „Св.Климент Охридски“ –Битола, Интеракт – Битола Широк Сокак, невладините организации, Биосфера, Сумнал, ЕГТ, Волвокс, ЦЕРИ – Центар за европски развој и интеграција, Баирска Светлина, Фестивалот СИДО, градинките „Мајски цвет“ и „ЕстрејаОвадија Мара“ (објект Снегулка), ОУ „Даме Груев“ и „Стив Наумов“, ДСД „Кочо Рацин“ – Битола и забава со кловновите Заги и Маги.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.