Press "Enter" to skip to content

Совети од ортодонција: мобилни протези

Употребата на мобилните протези во ортодонстскиот третман започнува релативно рано. Најсоодветен е периодот во мешовита дентиција, што ќе значи во фазата на промена на забите од млечни во трајни.

Оваа промене не секогаш се случува во исто време кај сите дена. Најчесто при земањето на анамнеза родителите го даваат податокот кога почнало никнењето на првото млечно запче, следствено на тоа ќе биде и никнењето на трајните заби. Постои можност таа смена да се пролонгира до тинејџерска возраст, кога забалото е беспрекорно средено користејќи ги како ретенциони апарати.

Мобилните протези, исто така, успешно се користат за спречување на лошите навики како што е незрелото голтање, тискање на јазик или долна усница, цицање палец… 

За да имате  резултат од носење на истите многу е битно и времето на носење. Имено, потребно е да се носат цела ноќ и 4-5 часа дневно.

Особено е значајно поставување на протеза в уста после 20 часот, времето кога почнува да се лачи хормомот за раст, без разлика кога детето ќе оди во кревет.

Дневното носење е особено значајно за некои видови мобилни протези, што значи не треба да се потценуваат тие неколку часа, бидејќи силите кои што делуваат врз забите се слаби и континуирани, а тоа значи дека дневното носење е исто така битно во мобилниот ортодонтски третман.

Д-р Лидија Стефановска,

стоматолог, специјалист по ортодонција

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.