Press "Enter" to skip to content

Фудбалерките на Топ гол на средба со градоначалничката (фото)

Со своите успеси, високи достигнувања и резултати во спортот за кој сеуште постои мислење дека припаѓа на машкиот свет, исполнети со возбуда заради покажаната можност да се сретнат со градоначалничката на Општина Битола, фудбалерките од женскиот фудбалски клуб Топ гол, денеска разговараа со градоначалничката Наташа Петровска на повеќе спортски теми.Младите фудбалерки ја информираа Петровска за својата досегашна неуморност и успешност и покрај самофинансирачкиот и тежок пат низ кој минуваа во изминатите години. Сепак, спортскиот дух и ентузијазмот, резултираа со издигнување на ЖФК Топ гол на највисоко ниво, притоа овозможувајќи му четири пати да биде младински шампион во Македонија и еднаш финалист на куп на Македонија за жени во сениорска конкуренција.Заблагодарувајќи и се за поддршката која таа им ја дава, фудбалерките на ЖФК Топ гол, ја информираа Петровска, за најновите предизвици кои се пред нив. Првиот, утре од 16.00 часот на Ќумурното игралиште во Битола, каде Топ гол и Драгон од Скопје ќе играат во полуфиналниот куп на Македонија во фудбал – жени. Вториот предизвик, доаѓа за два дена, така што од редовите на Топ гол, во националната У-17 селекција на Македонија, селектирани се 5 фудбалерки од Битола, кои ја претставуваат Македонија во Италија. Тие ќе играат на развоен фудбалски турнир против националните селекции на Кина, Русија и Италија.Ваквата ангажираност, посветеност и несебичност на младите фудбалерки кои со себе носат високи достигнувања се причини повеќе, градоначалничката Петровска да даде своја поддршка во понатамошниот развој на младите спортисти, а со тоа и во поттикнувањето на спортскиот дух. Таа на денешниот состанок, нагласи дека квалитетот кој носи видливи резултати, секогаш треба да биде соодветно вреднуван, а токму во таа насока во идниот период ќе се одвива и соработката со Топ гол.

More from СпортMore posts in Спорт »