Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ не дозволија да им “избега“ победата (фотогалерија)

Пелистер – Шкупи 82:79

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 200

Судии: Јанков, Антоновски и ЛазовПелистер: Давков 12, Атанасовски 13, Голубовиќ 4, Талевски 7, Харис 10, Захариевски, Арсовски 15, Илиевски 5, Трајковски 4, Трсунов 2, Обедниковски 10, Ѓоргиевски.

Шкупи: Мифтари, Мустафа 16, Хот 17, Деловски 3, Форд 4, Колев 2, Стојменов 21, Димитриески 7, Ѓорѓевски, Здравевски, Јаневиќ, Мицевски 9.Кошаркарите на Пелистер само ја направија завршницата од натпреварот со тоа што им дозволија на кошаркарите на Шкупи по водството од 13 поени (77:64) во последната четвртина, и израмнувањето на резултатот 79:79: На крајот на 12 секунди, погоди Голубовиќ, а победата ја потврди Талевски.Инаку, кошаркарите на Пелистер одиграа добро во првата четвтина кога имаа разлика 22:15, а во втората му дозволија на гостите да дојдат со израмнување 42:42 да заминат на одмор.Во продолжението тренерот на Пелистер, Тодоровиќ им даде шанса на повеќемина кошаркари, а и по третата четвртина резултатот беше нерешен 60:60.Во последната четвртина Пелистер направи разлика од 13 коша за 5 минути, 77:64, за на крај заслужено да победи.Најдобар кај Пелистер беше Арсоски со 15 поени и 10 скока, а го следеа Атанасовски со 13 и Давков со 12 поени. За Пелистер ова беше седма победа, а во наредното коло битолчани гостуваат кај Фени Индустри.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.