Press "Enter" to skip to content

25 години хотел “Молика“, панел-дискусии, свечена академија, плакети и благодарници и презентација на кулинарските вештини (фотогалерија)

-„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје и хотел „Молика“ – Подружница „Молика“ денеска го прославија својот 25 годишен јубилеј. Јубилејот се одбележа со повеќе манифестации.

-Хотелот „Молика“ на Пелистер е капацитет од трета категорија со три ѕвезди, и првпат почна со работа на 24 април 1994 година.Денес во хотелот “Молика“ со свечена академија на која беше преку куса презентација беше претставено 25 годишното работење на хотелот, на која свое обраќање имаше управителот на „ЕЛЕМ ТУРС“ дооел Скопје, Џемаиљ Јусуфи, кој рече:-Имаме морална одговорност нашиот 25 годишен јубилеј скромно, но достојно да го одбележиме за сите наши вработени колеги кои во текот на сите овие изминати 25 години грижливо го чуваа и со својот деноноќен труд дадоа огромен придонес во комплетната афирмација на хотелот “Молика“. Ние сме убедени дека одбележувањето на овој јубилеј, исто така, ќе биде мотив повеќе и за големиот број деловни партнери, туристички агенции, туроператори, здруженија, асоцијации и други организации, но и за нашите редовни гости и посетители од земјата и од странство кои сите овие години не посетуваа и со нивната доверба ни даваа поддршка да истраеме на патот во освојувањето на туристичките пазари.Во име на генералниот директор на АД ЕСМ д-р Драган Миновски се обрати Директорката на финансии на АД ЕСМ, г-ѓа Добрила Стефаноска, која честитајќи го овој значаен јубилеј особено важен и заради опстојувањето во еден исклучително тежок тешкиот период во економска и во општествени услови, го изрази своето лично уверување дека лична желба и верба е дека 30 годишниот јубилеј, хотел “Молика“ ќе го прослави со целосно нови и страктивни содржина како и што доликува на ова место.На свечената академија ЕЛЕМ ТУРС и хотел „Молика“ им додели плакети и благодарници на своите долгогодишни деловни партнери и соработници, кој ги додели Никола Каровски-извршен директор на ЕЛЕМ ТУРС.Првото признание е за Претседателот на Управниот Одбор и генерален директор на АД ЕСМ, д-р Драган Миновски  за  поддршката и помошта што ја дава во сите домени на работењето на хотел “Молика“, потоа на РЕК “Битола“ и директорот Васко Ковачевски.Плакети донија и Синдикалната Организација АД “ЕСМ“ и претседателот Јове Смилевски; Фабриката за Опрема и Делови – ФОД Битола и директорот Методија Тасевски, Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска, Агенцијата за промоцијата и поддршка на туризмот и директорот Љупчо Јаневски, Македонија пат Подружница Битола – Беким  Мемеди,  ЈП “Комуналец“ – Битола и Панде Богоевски.За долгогодишна соработка плакети и благодарници добија: средното угостителско училиште “Лазар Танев” и директорот Зоран Николовски, националниот парк “Пелистер“ и директорот Амет Аџиу;  туроператорот “ATHS“од Тирана, Република Албанија и Бесник Вати,  Факултет за туризам и угостителство – Охрид и проф. д-р Цветко Андреевски, Стопанската Комора на Македонија – Даниела Михајловска Василевска, стопанската комора за туризам и претседателот и претседателот Касам Шакири, ЕВН Македонија, КЕЦ Битола, Туристичката агенција Савана од Скопје и  Стеван Пешевски, туристичката агенција “ЈК Травел“ Битола и Горан Јошевски. Панде Лазаров екс-директор на ЕСМ доби благодарница за исклучителен придонес за изградба на х. “Молика“, како и Зорица Саботиновска Фурнаџиска – првиот раководител на “Молика“, фолклорниот ансамбл “Битола“ и Боро Рутевски, Скендер Харуни од Корча, Република Албанија, за најдобар промотор во југоисточниот дел на Република Албанија и  Михајло Пешка – вработен во РЕК “Битола“.Настанот започна со панел дискусија на која говорници беа: проф. д-р Науме Мариноски – “Факултет за туризам и угостителство“ – Охрид на тема “Современите видови во туризмот и примената на новите технологии во валоризацијата на Преспанско – пелагонискиот регион и Националниот парк Пелистер како туристичка дестинација “ како и  м-р  Љупчо Јаневски – Директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија на тема ,,Преспанско–пелагонискиот регион како туристичка дестинација.Модератори на панел дискусија беа Никола Каровски-извршен директор на ЕЛЕМ ТУРС и Димитар Димитровски – раководител на подружница “Молика“.По завршувањето на официјалниот дел гостите имаа прилика да уживаат во специјалитетите кои ги подготви и презентираа куварите на хотелот “Молика“.

Текст и фото: С.Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.