Press "Enter" to skip to content

Битолските “болдери“ тренираат за олимпијада, а немаат ни ѕид за искачување (фото+видео)

Спортското качување е новиот олимписки спорт, a vо нашиот град клубот кој го негува овој спорт е Вертикал, кој постои веќе 17 години. Но и  покрај успесите на клубот условите во кои што се одвиваат нашите тренинзи стануваат се полоши и полоши. Затоа битолските спортисти од спортско качувачкиот клуб Вертикал смислија оригинален апел, за да побараат помош во решавањето на големиот проблем со кој се соочуваат повеќе време наназад.

Како што информираат, апелот е насочен кон сите приватни и државни институции, кои би можеле да им помогнат да излезат на крај со лошата состојба во која се наоѓа нивната тренинг сала.Имено, се работи за едно многу интересно и би рекле, позитивно видео, каде покрај проблемот – постојаното пробивање на вода низ покривот од салата, предизвикана од дождови и снег, потоа премногу малиот простор за соодветен тренинг, немањето греење и слично, претставено е нивното задоволство и радост, но и макотрпна работа до успехот со кој многу често се украсуваат (пехари, медалји, признанија и разни награди).

Овие наши ентузијасти, секојдневно тренираат по повеќе од 3 часа и до сега многу пати биле победници не само на државните, туку и на Балканските купови, а често се учесници и на европски и светски првенства.Тие се  уште се актуелни државни шампиони и во машка и во женска категорија, а годинава ја направија горда Битола со нивната победа во Болдер категорија на Балканскиот “Меморијал Борис Трајковски”, кој се одржа во март, во Босна и Херцеговина. Меѓу другото, неколку членови на клубот “Вертикал” се и професионални инструктори по спортско качување, со лиценца од меѓународен карактер.

Она што е особено интересно и нашата јавност треба да го знае, е тоа дека овој особено популарен спорт – качување на Болдер и вештачки ѕид, влезе во категоријата на Олимписки спортови и на Олимпијадата во 2020 година, нашите спортисти ќе треба да ја претстават нашата земја.

Затоа, доколку сакаме нивниот квалитет да биде забележан, оценет и признат, односно доколку сакаме да имаме квалитетен спорт, тогаш да најдеме соодветен начин да им помогнеме.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.