Press "Enter" to skip to content

Општина Битола им нуди парцели за градба на ИТ компании во “Касарната“

Градежни парцели со намена Б4 – деловни простори во локалитетот АРМ, за првпат комплетно инфраструктурно подготвени со целосно изградена инфраструктура, денес беа претставени пред потенцијални инвеститори од ИТ секторот.

На презентацијата, присутните имаа можност да се запознаат со локациите кои се предмет на нивниот интерес за изградба на објекти на просторот на поранешната касарна. Присутните се интересираа за површината на парцелите, како и за постапката за електронска аукција, преку која можат да дојдат до истите.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска најави дека согласно интересот наскоро ќе следува објава за слободните парцели за оваа намена, а општинската администрација е подготвена да им одговори на сите прашања на заинтересираните страни, со цел создавање услови за рамноправен натпревар на сите заинтересирани субјекти.

Инфраструктурната подготвеност на просторот и можноста сите потенцијални инвеститори да учествуваат во аукцијата за градежното земјиште, претставува гаранција за изградба на функционален објект, кој ќе работи во интерес и на граѓаните на Општина Битола и на инвеститорот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.