Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: починат мотициклист по судар и нападната битолчанка

Моторциклист  од Холандија загина во судир со автомобил, вчера попадне на излезот од Битола, на крстосницата каде се дели патот за Охрид и Пелистер. Холaнѓанецот, кој бил на возраст од 58 години, бил во група со неколку моторџии кога се судрил со автомобил “алфа ромео“, а од силината на ударот се гледаа и големи оштетувања на автомобилот. Во ударот моторџијата бил префрлен со возило на итната помош во Клиничкиот центар во Битола, каде лекарите го реанимирале, но тој им подлегнал на повредите.

На 25 април во СВР Битола, Е.Н. од Битола пријавила дека истиот ден околу 02.00 часот на улица „Стив Наумов“ во Битола била физички нападната од лицето С.Ј. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.