Press "Enter" to skip to content

Мало ромче јава пес скитник, како мало пони без малку страв (фото)

Необична глетка во центарот на Битола гледаа неколкумина битолчани, а на повеќе од нас кои бевме таму ни “замрзна срцето“. Кон глутницата на големи песови, скитници, се приближи мало ромче, без ни малку страв.Една госпоѓа, уплашено му довикна на детето да не оди таму да не го касне некое куче, но малото дете ниту ја слушна, туку продолжи кон нив, како да му се стари пријатели.Откако се “поздрави“ со песовите, некои ги погали, и на чудење на сите го вјавна најголелемиот пес, голем “волчњак“ – гермаски овчар. Песот ни малку не се возбуди, туку го остави да седи на него, а детето како искусен јавач на коњче пони, се прошета на грбот на песот.Глетка необична, која предизвика страв кај присутните, а се прашавме со што ја стекнале взаемната доверба детето и песот. Некои рекоа дека песот и дресиран и живеел со деца, а друго дека детето дел од храната ја дели со кучето.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.