Press "Enter" to skip to content

Битола ќе гледа СЕХА лига, Еурофарм Работник го победи и надигра Металург (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Металург 41:28 (20:13)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 2000. 

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.Еурофарм Работник: Трајкоски, Чаневски, Ојлески 4, Маркоски 2, Д. Петровски, Пецаковски, Талевски 1, Чурлевски 3, Стјепановиќ 5, Кузмановски 9, Радовиќ 1, Кукоски, Остроушко 3, Граџан 3, Ѓукиќ 7, М. Петровски 3.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.

Металург: Дупјачанец, Даниловски, Томовски, Јагуриновски 8, Лазаревски 1, Димитриоски 1, Токиќ 3, Шилегов, Танкоски, Серафимов, Младеновиќ, Шпенде 4, Пучник 4, Миличевиќ 2, Маџовски 5, Матијашиќ.

Седмерци: 3/7, Исклучувања: 2 мин.Дерби во рамките од седмото коло на плеј-офот на Суперлигата, кое беше одлучувачко која екипа ќе биде дел од СЕХА лигата, им припадна на ракометарите на Еурофарм Работнбик, кои го победија Металург 41:28, полувреме 20:13 и се на чекор до зацртаната цел, второто место на табелата.Почетокот на натпреварот и големата мотивација на домашните им донесе три гола предност, а Металург  израмни на 8:8, а по новото израмнување 9:9 се беше во знакот на фармацевтите, кои ја полнеа мрежата на гостите и стигнаа да го решат натпреварот уште во првото полувреме, кога на одмор се отиде со 20:13. За брзо време предноста на домашните стана двоцифрена во вториот дел, а на +10 Еурофарм Работник дојде за брзо време. До крајот на натпреварот не падна разликата под 10 гола, а на крј беше +13. Ако се зборува за натпреварот мора да се пофали дисциплината која им ја наметна Алушевски на своите ракометари, а така беше до крајот на натпреварот, а ќе остане забележано дека Еурофарм Работник не само што го победи Металург туку и целосно го надигра.Најефикасен во Еурофарм Работник Кузмановски со 9 и Ѓукиќ со 7 постигнати гола, а мора да се споменат и голманите Трајковски и Чанески.

More from БитолаMore posts in Битола »