Вечерва во Народниот театар со изведба на премиерата “Бакхи- Краток преглед на распадот“ од Еврипид на Битолскиот народен театар, започна 21. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата.Пред премиерата во фоајето на Народниот театар во Битола се одржа и официјалниот дел на свеченото отворање на Фестивалот, а за тоа колку претстави ќе има во официјален дел, и кои актери ќе настапат на Фестивалот, зборуваше уметничкиот директор, Пепи Мирчевски.Овогодишното издание на Фестивалот на монодрамата за отворено го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.Премиерата на “Бакхи- Краток преглед на распадот“ е вон конкуренција, а во официјалниот дел, единаесет актери од девет држави ќе се натпреваруваат со своите актерски креации, во монодрамата како жанровски тетарски израз.Фестивалот ќе биде затворен со соло перформансот “Пасија по Биби“ на Петар Милошевски од Велика Британија, кој е надвор од конкуренција.
Вечерва отворено 21. Фестивал на монодрамата (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Камерниот оркестар на Битола преку “Македонски Вруток“ ги изведе делата на великаните на македонската музика (фотогалерија)
- Вечерва премиера на НТ Битола претставата на “На дното“ во режија на Ќендрим Ријани
- АКТО ја продолжува мисијата на Мирко Попов за афирмација на младата македонска музика
- „Жена убиец“ на режисерката Ева Натена вечерва во Битола го отвора Фестивалот на грчки филм
- Заеднички, завршен, концерт на млади музичари од Битола и Вуковар од проектот “Вуковарска голубица“(фотогалерија)