Press "Enter" to skip to content

Вечерва примиера на провокативната “Бакхи…“ на отворањето на фестивалот на монодрамата (фото)

Премиерата на најновата продукција на Народниот театар од Битола, “Бакхи краток преглед на распадот“ по Еврипид, а во режија на маестралниот Игор Вук Торбица е закажана вечерва.Со оваа претстава ќе се отвори 21. издание на фестивалот на монодрама во Битола во организација на НУ Центар за култура.Според режисерот Вук Торбица, делото на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, а најважна е таа што Бакхи–те ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ, моќта на раскажување приказни.-Можеме да кажеме дека Бакхи се прапочеток на “метатеатарскиот” текст. Овој текст е длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Студија за тоа во што го препознаваме божественото, истовремено и потсетник дека тоа, “божественото” доаѓа во облици кои не сме подготвени да ги прифатиме и да ги препознаеме. Бакхи не е текст што јасно ни ја отвора поделбата на протагонист – антагонист, текст кој повлекува линија меѓу доброто и злото, туку нè потсетува дека овие опозиции се создадени и форматирани од човекот, односно човекот, со својата способност за дефинирање и анализирање, не е во можност да ја разбере вистинската природа на појавната стварност. Но, можеби најинтересното прашање со кое се занимаваме во нашата претстава е, зошто нашиот идентитет, наместо во вредностите кои ги делиме и за кои се бориме, пред се е конституиран “со она другото” – непријателство кон „надворешниот противник”, вели режисерот Вук Торбица.Во претставата „Бакхи-Краток преглед на распадот“ ќе настапат актерите Маја Андоновска Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

More from КултураMore posts in Култура »