Press "Enter" to skip to content

На “Магнолија“ одбележан денот на Европа (фотогалерија)

Традиционално Општина Битола, ЕУ инфо точката и Делегација на Европската унија во соработка со основните училишта од градот на плоштадот “Магнолија“ го одбележува 9 мај, Денот на Европа.Преку песна, радост, игра и креативност, внесувајќи посебна енергија низ креативноста на учениците од основните училишта од Битола, преку своите изработки, претставуваа 12 земји на ЕУ, односно нивната култура, историја и традиција.На сите присутни им се обрати Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Битола, кој за овој ден од бината на “Магнолија“ рече:-Денес 9 мај, Ден на Европа, ден на победата на фашизмот е ден на кој се одбележува заложбата за заедништво на сите народи од старот континент. Овој ден го означува моментот со кој е дефиниран изгледот на Европа каде се празнува единството и мирот помеѓу народите. 9 мај, треба да не потсети на се она што се случувало во минатото и на она што очекува на патот по кој чекориме за членство во ЕУ, на нашата рамноправност и почит помеѓу сите нас без оглед на верата, националноста, полот, политичката определба.Со нашиот влез во ЕУ, се создаваат услови за напредок посебно за младите, на кои им се отвараат можности за напредок, лична надоградба, квалитетно образование, квалитетно здравство, поголеми достигнувања и перспективи во сите сфери и области во општеството, и додаде:-Членството во НАТО и ЕУ не само што ќе овозможи повеќе можности за нас младите луѓе туку ќе биде и од огромно значење за нашиот град. Нашиот град низ вековите покажал и докажал дека е мултилкултурен град со голем број на вредности. Овој ден, кој го славиме како ден на Европа, треба да ни биде патоказ по кој цврсто ќе продолжиме да чекориме со цел подобро утре за сите нас. Не треба и не смееме да се откажеме од идејата дека овој мултукултурен град во блиска иднина заслужува да биде дел од големото европско семјество.Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за овој ден рече:-На плоштадот “Магнолија“ нашите 12 училишта претставија 12 земји членки од Европската унија, а тоа значи дека ја имаме во мало Европската унија, онаму каде што и ние припаѓаме. Сакам да упатам благодарност до сите основни училишта, до учениците за нивната креативност.Потоа градоначалничката ги посети сите штандови каде беа претставени дел од земјите членки на Европската унија и ги пофали учениците и нивните ментори за тоа како се потрудиле да ги претстават избраните земји.-Нашето училиште и оваа како и секоја година учествува на оваа прослава на Денот на Европа која се одржува на плоштадот “Магнолија“. Оваа година ние ја претставуваме Грција, земја член на Европската унија, а според реакциите на присутните мислам дека учениците тоа го направија усшешно, рекоа од тимот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“.Забавниот дел од програмата го исполнија детскиот хор “Ѕвончиња“.На “Магнолија“ беа претставени Словенија, Романија, Португалија, Франција, Шведска, Италија, Бугарија, Хрватска, Германија, Шпанија, Грција и Австрија.

Текст и фото: С. Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.