Press "Enter" to skip to content

УКЛО домаќин на собир на студентите по повод Денот на Европа (фото)

Универзитетот “Св. Климент Охридски“  по трет пат е домаќин на оваа манифестација која се одржува по повод Денот на Европа.

Денес во просториите на Педагошкиот факултет во Битола, Универзитетот “Св. Климент Охридски“  беше домаќин на државната манифестација, Собир на студентите, кој е организиран по повод Денот на Европа, 9. мај, во организација на Европското движење.На Собирот учество зедоа студенти од осум универзитети од цела држава, а дебатираа на тема “Активни млади – жива демократија“. Студентите, ги искажаа нивните визии и желби, но и како гледааат на вредностите на Европската Унија, вредности кои мора да ги почитува универзитетот.Собирот го отвори ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, кој посакувајќи им успешна работа на студентите, и порача:

-Секој универзитетот е еден од столбовите на развој на државата, на демократијата, а тоа е расадникот на младите. Академската слобода, слобода на говор, демократичноста, правичноста, инклузивноста и се она што треба да биде во темелите на една држава, а тоа е сето тоа се наоѓа во темелите на Европската Унија.Европското движење, кој го претствуваше проф. д-р Мухамед Халили, во уводниот збор рече:

-Зближувањата и по етничка основа затоа што ние малку се познаваме, живееме во една иста земја, иста држава, а премалку се знаеме меѓу нас и од тоа после доаѓаат предрасуди. До европско општество може да се дојде само преку вклучување на младите луѓе, а токму преку вакви настани младите се зближуваат по сите основи.Потоа се одржа и натпреварвоораторство, на тема “Активни млади–жива демократија“, а птеку него се обидоа да ги детектираат проблемите гои ги засегаат младите, колку тие се вклучени во демократските и општествените процеси, што недостасува за да се вклучат, со цел да добие  жива демократија во нашето општетство.

More from ВестиMore posts in Вести »