Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник без куп-финале, загуби од Вардар во Куманово

Вардар – Еурофарм Работник 35:30 (18:16)

Екипата на Еурофарм Работник е поразен од екипата на актуелниот првак во Купот, Вардар екипата на Ф4-турнирот во Куманово во рамки на полуфиналето со 35:30, полувреме 18:16.

Екипата на Еурофарм Работник беше рамноправен четириесетина минути, но потоа фаворитот на хартија почна да игра поцврсто во одбраната и со лесни голови во нападот, се запиша сигурна победа.

Во првото полувреме во 10. минута резултатот беше 6:5, потоа беше и 10:10, па 14:14, а до крајот на првото полувреме Вардар успеа да оди на пауза со само два гола предност 18:16.

Во второто полувреме преку Ојлески и Остроушко, Еурофарм Работник изедначи на 18:18, а по 21:20, Вардар стигна до највисоки 23:20, а во 40. минута беше 24:21, а  следуваа две промашувања на Еурофарм, но пак “фармацевтите“ намалика на 24:22. Во 47. минута беше 28:25, а во 50. минута 30:25, по што беше познат патникот во утрешното финале.

Најдобри стрелци кај Еурофарм Работник, Остроушко со девет, Кузмановски со шест, а Стјепановиќ со четири гола.

Во финалето од Купот на Македонија, Вардар ќе игра против Металург.

More from СпортMore posts in Спорт »